Бабиќ: Беше евидентно дека Еурофарм Пелистер има поквалитетен тим

Еурофарм Пелистер славеше кај Металопластика во Шабац со 27-34 и ја забележа третата победа во регионалната СЕХА лига.

Тренерот Жељко Бабиќ вели дека подолгата клупа го одлучи победникот на овој натпревар.

„Овој меч ми врати спомени, јас го засакав ракометот гледајќи го тимот од Шабац. Евидентно е дека Еурофарм Пелистер има подолг ростер и поквалитетен тим, а кај противникот можеше да се забележи дека е уморен, бидејќи пред неколку дена имаше тежок меч во домашниот шампионат, што можеби го реши мечот. Мило ми е да ги гледам сите тие млади момци кои се желни за докажување и допрва треба да израснат во големи ракометари. Металопласитка е одличен тим, има квалитетен тренер и одлични млади играчи“, изјави Бабиќ.

Следен предизвик во СЕХА за битолчани ќе биде дуелот со Татран Прешов на гостински терен на 3 април.