АТРАКЦИЈА во 3 минута – Келце и Карачиќ со двоен цепелин го почестија Веспрем (ВИДЕО)

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите играат полскиот првак Келце и унгарскиот Веспрем.

Еден од головите што сигурно ќе останат запаметени од овој двобој беше дело на Игор Карачиќ со двоен цепелин.

Во атрактивната акција учествуваа и Алекс Душебаев и Дилан Наи. Погледнете како погоди Карачиќ во голот на Родриго Коралес…