Атмосферата во Краков се загрева – ќе се бие битка и на трибините (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го стартува своето учество на 28-то Светско првенство. Домаќините на големото натпреварување се Полска и Шведска.

Ракометарите на Македонија за прв ривал ја имаат селекцијата на Норвешка, која на Мундијалите во 2017 и 2019 година играше во финалето и во двата наврати не успеа да дојде до златото.

Најголем дел од македонските навивачи веќе пристигнаа во Краков, дел ќе пристигнат викендов, а улиците на овој полски град веќе се обоени во „црвено-жолто“.

Навивачите си пеат навивачки песни и се загреваат пред битката на трибините. Како што е веќе познато, фан-зона на нашите навивачи e познатата пивница „Лубич“.

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра вечерва во „Таурон Арена“ со почеток од 20:30 часот.