СЕХА Ф4 2022: Атанасијевиќ – Крвта ми вриеше и сакав да го извадам најдоброто од себе!

Еурофарм Пелистер загуби во полуфиналето на СЕХА лига од унгарскиот Веспрем со 41-27 и ќе се бори за третото место.

Левиот бек Павле Атанасијевиќ доби шанса во второто полувреме и го постигна првиот погодок.

„Ова беше убаво чувство и достигнување, да се игра на Ф4 во СЕХА лига. Ни се падна Веспрем. Беше многу интересно, крвта ми вриеше во телото и само сакав да го извадам најдоброто од мене. Го дадов мојот максимум и го постигнав првиот гол. Емоциите не можам да ги кажам. В недела против Нексе ќе биде порамноправен дуел. Веспрем е еден гигант, но и ние имавме многу технички грешки и во одбрана не штимаше ништо како што треба. За в недела мораме да ги намалиме грешки и ќе одиграме подобар натпревар“, вели Атанасијевиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе за третото место на СЕХА завршниот турнир ќе се игра од 16:30 часот.