Астраион не виде мака со Риниа

Тимот на Астраион Струмица по поразот од Вардар во Неготино, се врати на победнички патеки со триумфот над Куманово, а забележа и втор триумф по ред на домашен терен, кој го врати на врвот на табелата во групата 1 од Првата лига.

Астраион без особени проблеми ја совлада екипата на Риниа со 40-23. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога домашните направија предност од 11 погодоци, 20-9. Вториот дел беше само формалност, а шанса за настап добија сите ракометари.

Најдобри стрелци кај струмичкиот тим беа Александар Велков со седум и Горан Катранџиев со пет погодоци, додека кај Риниа се истакнаа Орхан Емини со осум и Христијан Стојчевски со седум голови.