Анонимен Хрват од Шведска потпиша за полскиот првак Келце

Полскиот првак Келце не запира со новите засилувања, иако има играчи за да форммира и два ростери.

Најнов играч што потпиша за Келце е 19-годишниот Хрват со шведски пасош, Ноа Зубац, кој настапува за шведските младински репрезентации.

Зубац, кој настапува на левата бековска позиција, потпиша договор на пет сезони, а ќе биде во сила од следната сезона.

Во моментов Зубац настапува во Втората лига во Шведска, за тимот на Кара, а претходно беше член на Савехоф.

Претседателот на Келце, Бертус Сервас, најави дека на почетокот на договорот, Зубац ќе биде на позајмица, слично како и Јагањац, Вујовиќ, Додиќ…