Андоновски: Очекувам полна сала, а ние ќе сториме сè да ги задоволиме апетитите на навивачите

Големите ривали Охрид и Струга утре по вторпат оваа сезона ќе ги одмерат силите во  Суперлига на Македонија.

Без оглед на моменталната состојба на табелата, на која Охрид е на првото место и извесно е дека ќе игра во плеј-офот, а Струга во борбата за опстанок, езерското дерби секогаш има посебен шмек. Денеска се очекува поголема шанса да добијат помладите ракометари од двата тима.

„Големо е ривалството меѓу Охрид и Струга, како меѓу клубовите, така и меѓу градовите, па затоа се очекува голема посетеност од љубителите на ракометот. Ние сме апсолутни фаворити на овој натпревар, многу сме поквалитетни и играме на домашен терен. Сепак мора да дадеме максимум за да ги задоволиме апетитите на нашите навивачи. Од поодамна изборивме место во плеј-оф, но на секој натпревар треба да играме на високо ниво и да даваме максимум за да влеземе во форма пред стартот на плеј-офот, а таму секој ќе натпревар ќе биде тежок и неизвесен. Би биле задоволни со место кое води во европските купови и ќе сториме се за да го исполниме тоа“, вели капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

Натпреварот меѓу Охрид и Струга ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 19:00 часот.