Андерсон: Одбраната ни ја заврши работата

Тимот на Порто со победата над Вардар со 30-22 го обезбеди своето место во осминафиналето на Лигата на шампионите за првпат во клупската историја.

Тренерот Магнус Андерсон беше задоволен од изданието на неговиот тим особено во второто полувреме.

„Вардар играше итро во првиот дел, но во вториот дел ние ја подобривме одбраната и да ги намалиме грешките. Имавме искуство со „седум на шест“ на Вардар, а таков начин на игра трениравме во изминатите денови. Добро се одбранивме и ни дојдоа лесните голови. Добрата одбрана 5-1 ни заврши работа. Горд сум за играчите, за клубот и за сите навивачи на Порто“, изјави тренерот на Порто.

Последен предизвик за португалскиот првак ќе биде гостувањето кај составот на Мешков Брест. Доколку Порто победи ќе биде петти, доколку загуби, а Вардар слави над Монпелје, ќе падне на шестата позиција.