Андерсон: Заслуживме да го победиме Вардар!

Вардар и Порто одиграа нерешено 25-25, откако гостите постигнаа погодок во последната секунда.

Македонскиот тим губеше со 22-24, направи комплетен пресврт, но немаше среќа да забележи втора победа во ЛШ.

Гостинскиот тренер Магнус Андерсон смета дека Порто заслужил да победи на овој натпревар.

„Одигравме тежок натпревар. Задоволен сум од бодот што го освоивме во финишот, но не сум задоволен што испуштивме победа. Заслуживме да победиме против Вардар и имавме добра шанса. Но немавме среќа во дел од натпреварот“, кратко изјави тренерот на Порто.

Хрватскиот лев бек Иван Слишковиќ е задоволен од начинот на кој Порто го одиграл овој натпревар.

„Горд сум како се боревме и како го одигравме овој натпревар. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме во ист стил“, изјави Слишковиќ.

Следниот натпревар Вардар го игра на гости кај ПСЖ, додека Порто ќе се сретне со полскиот Келце.