Ангеловски: Храброста е особина на богатите и големите, а момците на СП станаа и побогати и поголеми

1296

Машката кадетска репрезентација на Македонија со победата над Чешка од 28:22 заврши на 9 место на Светското кадетско првенство.

Асистентот на Раде Стојановиќ, Бранко Ангеловски, по историскиот пласман се огласи на социјалните мрежи.

,,Храброста е особина на богатите и големите, а овие момци станаа и побогати и поголеми после ова натпреварување. Секоја ви чест на залагање, послушност, беспрекорна дисциплина и вербата после поразот од Данска кога ви кажавме: Не губиме до крај…Одиме напред”, напиша Ангеловски.

Пред налетите на Македонија во Хрватска паднаа пет европски селекции – Чешка, Австрија, Унгарија, Црна Гора и Грузија, а Норвешка за малку ни се извлече.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

Ечи „Земјо Македонска“ среде Хрватска – кадетите го слават историскиот пласман! (ВИДЕО)

 

МАКЕДОНИЈА Е ДЕВЕТТА СВЕТСКА СИЛА!