Ечи „Земјо Македонска“ среде Хрватска – кадетите го слават историскиот пласман! (ВИДЕО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија заврши на 9. позиција на Светското првенство во Хрватска.

Избраниците на Раде Стојановиќ во вечерашниот дуел против Чешка одиграа на ниво и славеа со 28:22, со што остварија историски пласман.

Пред налетите на Македонија во Хрватска паднаа пет европски селекции – Чешка, Австрија, Унгарија, Црна Гора и Грузија, а Норвешка за малку ни се ивлече.

Победата над Чешка и деветтото место беа прославени со легендарните песни – „Бисер Балкански“ и „Земјо Македонска“…