Ангеловски: Борбеноста го краси овој колектив

Машката кадетска репрезентација славеше против Унгарија со 22-20 и го оствари најголемиот успех во оваа категорија на СП.

Асистентот на Раде Стојановиќ, Бранко Ангеловски, по мечот се огласи на социјалните мрежи и напиша дека борбеноста го краси овој колектив.

„Знаевме дека сме ниски, знаевме дека физички не можеме да се носиме со покорпулентните од нас. Но, борбеноста е еден вид карактер кој го краси овој колектив. Какви и да се, наши синови се, синови на Македонија, а верувајте, овие деца се најдобри“, напиша Ангеловски.

Македонија вечерва ја очекува уште еден натпревар на СП, против селекцијата на Чешка од 20:00 часот за 9 место.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!