Ангелески: Против Пролет треба да го дадеме максимумот за да очекуваме поволен резултат

Ракометарите на Прилеп во рамки од второто коло од Супер лигата за ривал го имаат тимот на Пролет.

Прилепчани во првото коло го изненадија Бутел Скопје, триумфираа со 28:27, па посакуваат да врзат две стартни победи.

Голманот на Прилеп, Иван Ангелески, ги сподели своите очекувања за дуелот со Пролет и се надева дека неговиот тим ќе продолжи во победнички ритам.

,,Екипата на Пролет е искусна и квалитетна екипа, која секоја година е во горниот дел на табелата, поради тоа треба да го дадеме максимумот, да влеземе мотивиранни во неделниот дуел и да очекуваме поволен резултат. Во првото коло го совладавме тимот на Бутел Скопје, сметам дека овие две екипи се со сличен квалитет и секако дека можеме да ја оствариме целта и со три бода да се вратиме од Скопје. Пролет е одлично анализиран,  екипата добро е покриена на сите позиции и сметам дека треба да бидеме фокусирани и мотивирани и да атакуваме на победа”, изјави Ангелески.

Дуелот меѓу Пролет и Прилеп ќе се одигра в недела (17 септември) во спортската сала „Македонско Сонце“, со почеток од 18:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.