Амбициите во Пик Сегед растат – најавуваат Ф4 во Келн

Тимот против Вардар требаше да се бори за пласман во четврт-финалето во сезоната која не финишираше поради пандемијата со коровирусот, Пик Сегед и во новата сезона се надева дека ќе може да го задржи нивото, но и дека сезонава ќе игра во Келн.

После дознавањето на ривалите во групната фаза меѓу кои е и тимот на Вардар, тренерот Хуан Карлос Пастор со оптимистичка изјава.

„Ова е избалансирана група со искусни екипи. Нашата целе да завршиме на едно од првите две места во групата и на тој начин да влеземе директно во четврт-финалето. Секогаш мораме да се стремиме кон најдоброто и да се развиваме од натпревар во натпревар. Нема да имаме лесна задача, но ќе мораме да се соочиме со сите предизвици кои ќе бидат максимално сериозни“, изјави тренерот на Пик Сегед, Хуан Карлос Пастор.

На ова се надоврза и еден од ракометарите, репрезентативецот на Унгарија, Бенце Банхиди.

„Во новата сезона од Лигата на шампионите има 16 одлични екипи. Тука нема лесна и тешка група. Секоја средба ќе биде тешка борба. Имаме сериозни цели во новата сезона. Сакаме да го оствариме нашиот сон и да завршиме во Келн со настап на последните четири натпревари во сезоната. Затоа ќе работиме напорно и ќе се обидеме да сториме сè што можеме за да го постигнеме она што го посакуваме“, вели Бенце Банхиди.

Пик Сегед ќе биде дефинитивно меѓу тимовите од кои се очекува да се борат за првото место во групата А каде што покрај Вардар се и тимовите на ПСЖ, Келце, Порто, Мешков Брест, Елверум и Флензбург.