Ал Веда обезбеди четвртфинале на Супер Глоуб и ќе игра против Алборг

Во вториот осминафинален натпревар од Супер Глоуб турнирот, Ал Веда беше убедлива против составот на Сан Франциско со 29:20.

Уште од самиот почеток од натпреварот, ракометарите на Ал Веда од Саудиска Арабија започнаа полека да се одлепуваат и веќе имаа солидно водство од 13:6 на полувреме против претставникот на Северна Америка и Кариби.

Второто полувреме беше само формалност и шанса за ракометарите со помала минутажа. На крајот, екипата на Ал Веда водството го зголеми на конечни 9 гола разлика.

Во првиот осминафинален натпревар, Магдебург славеше победа против Универзитет Сиднеј со 32:20.

Во четвртфиналето ќе Алборг ќе се соочи Ал Веда, додека Магдебург ќе игра против Ал Духаил.