Алушовски: Среќен сум што работам со вакви момци, среќен сум и поради Кизиќ

Тренерот на вардарци, Стевче Алушовски уште еднаш можеше да ги пофали своите момци, но не можеше и да се радува на нова победа бидејќи со овој пораз остана на 6. место во групата Б.

„Тажен сум што загубивме од Монпелје, но среќен сум што работам со вакви борци. Среќен сум за Марко Кизиќ кој трета средба е на висина на задачата потребна за настап во Лигата на шампионите. Имаме и многу проблеми покрај тоа што имаме краток ростер. На овој натпревар дадовме максимум на теренот , но за жал Монпелје ги однесе бодовите. Горд сум на моите играчи, на клубот, на навивачите за она што го правиме“, изјави Алушовски на пресот.

Тој објави дека од понеделник Вардар ќе биде посилен за двајца македонски репрезентативци. Во тимот се враќаат Борко Ристовски и Марко Мишевски, а и двајцата ќе имаат право на настап и во Лигата на шампионите и во СЕХА и во домaшното првенство.