Алушовски: Среќен сум што во Македонија има три квалитетни екипи

Екипите кои во новата сезона ќе играат во Супер лигата се засилија и тоа со повеќе ракометари, па се очекува ова да биде силна сезона во која повеќе екипи ќе имаат што да покажат.

Сепак, јасно е дека три тима би можеле да влезат во трка за титулата и тоа Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург. Сите имаат искусни играчи, а Вардар и Еурофарм пелистер дури следната година на почетокот на пролетта ќе се приклучат во натпреварувањето.

„Среќен сум што во Македонија има три квалитетни екипи. Квалитетот и на Металург и на Еурофам Пелистер е кренат во однос на минатите години. Meѓутоа не се плашиме од никого. Нема ниту да се прецениме ниту да се потцениме. Домашното првенство за нас доаѓа дури во март. Јас сум среќен што Македонија ќе има три екипи со приближно ист квалитет и нашата цел е на крајот да се радуваме на титула и во првенството и во Купот на Македонија“, изјави Алушовски.

Со оглед на тоа што има многу дотогаш може да се сменат многу работи и во составите јасно е дека може да дојде до максимално интересен шампионат и ова да биде одлична сезона.