Алушовски со една измена, со двајца голмани против Келце

Екипите на Вардар и Келце ги очекува интересен дуел од 7. коло во Лигата на шампионите, кој се игра денеска од18:45 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерите Стевче Алушовски и Талант Душебаев ги соопштија имињата на ракометарите на кои сметаат денеска.

За овој натпревар, Алушовски се одлучи на терен да има двајца голмани, а тоа ќе бидат Борко Ристовски и Робин Кантегрел. Ќе го нема Марко Кизиќ, но во тимот се враќа Дисингер кој не играше на последниот дуел против Порто.

Во составот на Келце денеска се наоѓаат сите ракометари, а на терен ќе бидат и поранешните вардарци, Карачиќ и Душебаев.

Ова ќе биде интересна средба, а како изгледаат составите можете да погледнете во продолжение.