Алушовски: Оваа победа е голем чекор кон освојување на 14. титула за Вардар

Екипата на Вардар дојде до победа во дербито против Еурофарм Пелистер со 35:27 така што стигна до важни бодови против составот кој е директен ривал за титулата.

После средбата тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски беше задоволен од постигнатото и тоа го искажа и во изјавата.

„Честитки на екипата на Еурофарм на фер и коректната борба. Одигравме пред сè во одбрана извонреден меч. Крајниот резултат можеби и не е одраз на она што се случуваше на терен. Да бидам искрен жалам што не заврши и со поголема разлика. Сепак, некој да ни понудеше пред натпреварот осум разлика сигурно дека со две раце ќе прифатевме. Им честитам на моите играчи за пожртвуваноста и борбеноста, како и за залагањето, на карактерот кој го покажаа по не знам кој пат. Се она што го договаравме пред почетокот на натпреварот во играта во одбрана го испочитувавме. Дадовме 35 гола и сум преадоволен. Ова е голем чекор кон освојување на 14 титула за Вардар во Супер машката лига“, изјави Алушовски.

Натпреварот меѓу овие две екипи во Битола би требало да се одигра кон средината на мај.