Алушовски: Не сме без шанси во Келце

Ракометарите на Ваардар ги очекува натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите против полскиот Келце.

Тимот на Талант Душебаев оствари победа на првиот меч во Скопје со 29-33, а сега го чека реваншот против „црвено-црните“ од првата позиција на табелата.

Стратегот на Вардар, Стевче Алушовски, семта дека неговите избраници можат да дадат многу повеќе од тоа во Скопје.

„Го очекуваме реваншот со Кјелце во Полска. Она што ќе биде исто како во Скопје ќе играме пред празни трибини, нормално. Анализиравме кои се нивните добри страни, и пред натпреварот во Скопје, имавме уште четири дена за да видиме каде грешевме и што можеме да поправиме. Секако дека има место и простор за напредок, особено во нашата игра во одбрана каде што првпат примивме 33 голови. Исто така и некои детали кои ќе ги промениме за играта во напад. Се надевам и мислам дека ќе одиграме еден добар натпревар во Кјелце каде што ќе покажеме дека Вардар не случајно освои три бода до сега во Лигата на шампионите и дека до 52 минута беше егал со Келце во Скопје. Очекувам еден неизвесен меч, со многу борба каде што не сме без шанси. Нашите голмани можат многу повеќе од она што го покажаа на домашен терен“, вели Алушовски.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.