Алушовски: Дуелот со Мешков Брест е меч топка за што подобар пласман

По поразот од Татран Прешов во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Работник ги чека нов натпревар од регионалната СЕХА лига против белорускиот првак Мешков Брест.

Белорусите ќе бидат практично со вториот состав, во кој ќе играат и петмина ракометари од ростерот што играше против Вардар во ЛШ.

„Доаѓа шаренолик состав на Мешков Брест, но ние имаме свои проблеми. Повредени се Маркоски, Кукоски, Вегар, а на загревањето во Прешов се повреди и Граџан, па практично сме со само еден кружен напаѓач. Тие кои ќе настапат, верувам дека ќе дадат максимум. Ќе биде неизвесно, но верувам дека ќе се радуваме на четврта победа. Ова за нас е меч топка за што подобар пласман и подобра стартна позиција напролет“, изјави Алушовски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Татран Прешов се игра утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.