Алушовски донесе уште еден поранешен вардарец на Исланд (ФОТО)

По Костадин Петров, уште еден поранешен ракометар на Вардар ќе игра во составот на Тор Акурејри на Исланд.

Тимот што е предводен од македонскиот стратег Стевче Алушовски, го ангажираше десниот бек Јосип Векиќ, кој последниот ангажман го имаше во Емсдетен.

Екс десниот бек на Вардар, кој одигра во Скопје една сезона, потоа замина во Криенс Луцерн, од каде пак направи трансфер во Втората Бундес лига.

По две кола на Исланд, Тор Акурејри има победа и поразот, но поразот е на првиот меч на кој Алушовски не сметаше на ниту едно од странските засилувања, меѓу кои Петров и Векиќ.