Алтхаус и Аморим од трибините со поддршка за Македонија (ФОТО)

Две познати светски ракометарки на кои Македонија им е „втор дом“ од трибините им даваат поддршка на нашите сениорки кои го играат дуелот со Словенија од ЕХФ Еуро Купот. Ања Алтхаус и Едуарда Аморим заедно на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ го следат дуелот.

Едуарда Аморим во моментов игра за Ростов, Русија но поради ситуацијата во Украина, тие се врати во Скопје од каде потекнува нејзиниот сопруг. Таа е сестра на Ана Аморим, и двете своевремено играа во Кометал Ѓорче Петров, по што Аморим ја продолжи кариерата во Ѓер, клуб со кој беше и европски првак.

Алтхаус исто така реши да живее во Македонија, и сега е дел од екипата на Скопје, каде заедно со Андријана Будимир работат. Алтхаус е исто така и амбасадор на ЕХФ во лигата на шампионите.