„Ало селекторе – дали нè гледавте?“ (ФОТО)

Женската репрезентација на Хрватска не е дел од квалификациите за Светското првенство, па игра пријателски натпревари.

На турнирот „Кроација Куп“ во Пореч, Хрватска за ривали ги има Бразил и светскиот шампион Холандија.

На првиот меч, синоќа Хрватска славеше минимално над Холандија со 24-23, а тоа го направи без селекторот Ненад Шоштариќ, кој повторно е во карантин поради коронавирусот.

Дополнително Хрватките се ослабени и без дел од ракометарките на Локомотива Загреб, но оние што играат заедно со заменикот на Шоштариќ, Снежана Петика, покажаа дека успехот во Данска на ЕП не беше случаен.

Денеска во Пореч ќе играат Холандија и Бразил, а утре Хрватска ќе се соочи со јужноамеериканската селекција.

По мечот со Холандија, капитенот Катарина Јежиќ од соблекувалната комуницираше со селекторот Шоштариќ на видео повик, а тој им честита за добрата партија.