Алкалоид прими само пет гола во вториот дел и до врв ја наполни мрежата на Астраион

Тимот на Алкалоид продолжува со низата без пораз во Првата лига. Денеска тимот славеше и на гостувањето во Струмица со убедливи 17-44.

Во првиот дел домашниот тим успеваше да парира и беше 12-12 на пет минути до паузата. Но оттогаш Астраион влезе во „црна дупка“ и на теренот постоеше само една екипа.

Алкалоид погоди шест пати во серија и зголеми на 12-18, резултат со кој заврши првото полувреме.

Во вториот дел, серијата на гостите продолжи и веќе беше 12-23, па до крајот остана само рутински да се одработи задачата. Одбраната на Алкалоид беше одлична, па струмичани погодија само пет пати.

Најдобри стрелци кај Алкалоид беа Илиески со 11 и Иваноски со 10 гола, додека за Астраион, Иванче Ончев постигна пет погодоци.