Алжир со екс голман на Вардар по изненадување на Мундијалот

Селекторот на Алжир, Рабах Герби го објави списокот на играчи за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.

Герби го одбра најдобриот состав со кој ќе и се спротистави на Германија, Катар и Србија во групната фаза.

Меѓу избраните ракометари се најдоа и екс голманот на Вардар, Калифа Гедбан, кој моментално настапува за Динамо Букурешт, како и десниот бек од Тулуз, Ајуб Абди.

Алжир првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 13 јануари против Германија, потоа два дена подоцна, односно на 15 јануари силите ќе ги одмери со Катар, додека на 17 јануари ќе игра против Србија.

Ракометарите на Алжир на минатиот Мундијал, кој беше одржан во Египет, завршија на 22. позиција.