Алборг со бундеслигашко засилување – потпиша Лукас Нилсон!

Данскиот вицепрвак го промовираше најновото засилување за следната сезона, што доаѓа од Бундес лигата.

Станува збор за шведскиот лев бек Лукас Нилсон, кој потпиша договор на две сезони со данскиот претставник во Лигата на шампионите.

Тој потекнува од шведскиот Иштад, потоа беше член на Кил, од каде замина во Рајн Некар Левен каде што ја игра третата сезона.

Претходно Алборг ги договори словенечкиот среден бек Алекс Влах, данските репрезентативци Никлас Ланин и Симон Халд…