Алармот одново вклучен – Расте бројот на заразени ракометарки

Бројките на заразени ракометарки со последното тестирање доживеаја пораст, па продолжувањето на првенството на Романија во кое има неколку репрезентативки од Македонија е доведено под прашалник.

Во Романија првенството се игра по турнирски систем, а иако се внимава на сите протоколи за да се избегне заразување на нови ракометарки, сепак, очигледно дека некаде работите се промашени.

При последното тестирање клубовите почнаа да пријавуваат заразени ракометарки со коронавирусот. Најмногу има во тимот на Глорија Бистрица и тоа дури 21 позитивен тест. Потоа со 11 позитивни тестови е тимот на Крајова, осум Слатина, четири Влчеа…

Ова е голем проблем за нив бидејќи следниот викенд продолжуваат натпреварите од првенството од Романија. Правилата во оваа земја се јасни и велат составот кој нема да се појави на терен губи со 10:0. Поради тоа што сите мораат во изолација поради големиот број на заразени нема друг избор и веројатно ќе треба со службен резултат да се регистираат добар дел од натпреварите.