Акцијата комплетирана – донирани плишаните играчки од дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар (ФОТО)

На дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кое се одигра пред две недели, битолчани организираа акција за почит.

На полувремето од двобојот во салата „Боро Чурлевски“, посетителите во салата на паркетот фрлаа плишани играчки.

Од битолскиот клуб сега информираа дека акцијата е комплетирана и дека тие завршија во вистински раце, кај оние за кои беа наменети.

Дел од ракометарите и членовите на клубот ги поделија играчките во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“.