„Ако нема натпревари – ќе нема обложување, а тоа е проблем за спонзорот“

Многу унгарски клубови ги погоди кризата со коронавирусот. Вац и Мезоковешди нема да играат во елитната конкуренција кај мажите, додека женските тимови Фехервар, Вац и ЕРД ќе играат само со домашни ракометарки.

Дел од клубовите добиваат средства од локалните власти, кои сега поради корона кризата им се скратени, па ќе чекаат на оние од главниот спонзор – Државната лотарија на Унгарија.

За унгарската федерација е важно лигите да почнат навреме и да се играат натпревари. Вице-претседателот на федерацијата Ласло Наѓ, вели дека тоа може да биде проблем за спонзорот.

„Сите имаат желба да се игра пред гледачи. Како поранешен играч, сметам дека навивачите се дел од ракометот, а полна сала носи поинаква возбуда. Како и да е, здравјето е поважно за се. За почеток, најважно ќе биде да ги стартуваме лигите, од економска гледна точка. Не е важно кога тоа ќе се случи, бидејќи спонзорот е Државната Лотарија на Унгарија, а ако нема натпревари, нема да има ниту обложување“, вели Наѓ за „Немзети Спорт“.