„Ако нема навивачи на трибините, ќе нема ниту плати за играчите“

Во интервју за nemzetisport.hu, спортскиот директор на Кил, Виктор Шилаги зборуваше за проблемите со кои се соочи клубот поради пандемијата на коронавирус.

Управата на Кил пушти во продажба билети за виртуелен натпревар со цел да се подобри финансиската ситуација во клубот, но продажбата не се одвиваше според очекувањата. Од планираните 12.361 билет се продадоа само околу 2.000.

Продажбата на билетите им носи 40 проценти од приходите во клубовите во Бундеслигата. Според тоа, состојбата со пандемијата ги става сите во сериозен финансиски ризик. Во моментов Кил, како и многу други клубови, се бори за опстанок. Задоволен сум што германската федерација реши да го прогласи Кил за шампион во Бундес лигата. Нашата напорна работа од седум-осум месеци не беше залудна. Како и да е, срамота е за играчите и навивачите што не можеа да ја споделат радоста за освојување на трофејот. Во оваа ситуација играчите мора да разберат дека доколку во Бундес лигата и Лигата на шампионите не започнат да се играат натпревари со гледачи што е можно поскоро, нема да можеме да ја исплатиме ветената плата“, рече спортскиот директор на Кил.

Со одлука на Владата на Германија како мерки за заштита од ширење на коронавирусот сите масовни собири и натпревари во затворен простор се забранети до 31 август. Ова беше и причината за одложување на завршниот турнир од Лигата на шампионите за декември.