„Ако критикувам или советувам не значи дека претендирам за селектор“

Интересна забелешка има актуелниот тренер на Тиквеш, Горан Андоновски во викенд-интервјуто за 24Ракомет, во која бара селекторот Лазаров и неговиот стручен штаб да бидат отворени за соработка и консултации со тренерите од Суперлигата.

Андоновски смета дека тренерите кои работат во Суперлигата одлично знаат што имаме на располагање во Македонија.

„Реков дека имаме млад и перспективен стручен штаб, кој ја заслужува сета поддршка. Но, исто така мислам дека треба да бидат поотворени за консултации и да побараат помош и од суперлигашките тренери, кои најдобро знаат со каков квалитет располагаме. Вистинската смена на генерација во репрезентацијата допрва следи, кога дефинитивно ќе се повлече Лазаров, Стоилов… Тренерите кои работат во Суперлигата одлично знаат што имаме на располагање. Ќе го земам повторно Јовиќ за пример, кој во Еурофарм Пелистер 2 има одличен тим. Ние тренерите и клубовите затоа сме тука и треба сите заедно да помогнеме да имаме што подобар квалитет и што посилен национален тим. Имаме интересни играчи и надвор на кои треба да им се посвети внимание. Ончев игра во нагорна линија. Мора да се води сметка, ако не го сториме тоа за брзо ќе имаме проблем. И треба да сфатиме дека ако советувам или критикувам, не значи дека имам задни намери и дека сакам да бидам селектор. Не, едноставно сакам да помогнам, затоа што сите ние посакуваме успех, се радуваме и се гордееме со успехот на репрезентацијата!“

Подолу прочитајте го целосниот разговор со Андоновски…

ИНТЕРВЈУ ГОРАН АНДОНОВСКИ: Тиквеш ја врати ракометната традиција во Кавадарци, сега цели кон Европа!