Ако ЕП продолжи во исто темпо, ЕХФ ќе мора да подготви повеќе од 50 медали за медалистите!

Сите играчи од записникот на натпреварите и оние кои имаат акредитација на Европското првенство имаат право на медал доколку нивната репрезентација освои златен, сребрен или бронзен, пишува хрватскиот портал „24 Сата“.

Ако на пример Хрватска која промени најмногу ракометари досега, успееше да се пласира меѓу трите најдобри репрезентации на ЕП и освоеше злато, сребро или бронза, тогаш тоа би значело дека сите 35 ракометари што досега беа дел од ростериите, ќе имаа право на медал.

Бројката од 35 играчи со останатите членови на стручниот штаб можеше да се зголеми на 50, што никогаш не се случило во историјата на европските и светските првенства.

Меѓу кандидатите за полуфинале, најлоша е ситуацијата кај Исланд, кој имаше осум заразени ракометари, а дополнително повика уште двајца. Данците и Французите немаат поголеми проблеми, но ако ЕП продолжи со ова темпо и секој ден до крајот се појавуваат по еден двајца, ЕХФ ќе мора да си подготви многу медали за освојувачите.