„Ако Вардар можеше да освои титула со девет играчи, зошто да не можат Барса, Веспрем или Кил…“

Вардар ќе биде на европскиот престол уште шест дена, додека да се одигра завршниот турнир во „Ланксес Арена“, а четири екипи ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.

Барселона, Кил, Веспрем и ПСЖ, беа најдобрите по групната фаза во прекинатата ланска сезона, па со тоа обезбедија место на Ф4.

Членот на Веспрем, Петар Ненадиќ вели дека проблемите со кои се соочуваат екипите, повреди или отсуства поради коронавирус, нема да бидат пречка за да се стигне до посакуваната цел.

„Потешко е да се пласираш на Ф4, отколку да ја освоиш титулата. Овие четири екипи заслужија да играат на завршниот турнир. Не може да се прогнозира ништо пред стартот на натпревари. На сите екипи им се намалени ротации, сите имаат проблеми со позитивни случаи на короанвирус, со караннтини, со повреди. Помалку играчи во ротација  некогаш може да биде и добро. Ако можеа Хамбург или Вардар да стигнат до титулата во Лигата на шампионите, со само девет-десет играчи, тогаш не гледам зошто не би можеле Барселона , Веспрем или Кил тоа да го направат“, вели Ненадиќ за „Балкан Хендбол“.

Полуфиналните средби, Веспрем – Кил и Барселона – ПСЖ, се играат в понеделник на 28 декември, додека следниот ден се дуелот за трето место и финалето.