АИФК и Тренчевски блиску до пласман во плеј-офот на Финска

Екипата на АИФК, во која настапува кружниот напаѓач од Македонија, Александар Тренчевски, обезбеди важна победа против незгодниот состав на ХИФК, со резултат 32:30.

Тренчевски на овој натпревар беше меѓу главните стрелци, постигна три погодоци и одигра солидно во одбрана. Македонскиот интернационалец имаше и едно исклучување.

Со освоените бодови, АИФК останува во игра за пласман во плеј-оф фазата во шампионатот на Финска.

За пласман во плеј-офот, Тренчевски и колегите ќе мора да победат на двата натпревари против СИФ, како и на реванш натпреварот против ХИФК, кој ќе се одигра на домашен терен во Турку.