Аеродром го собра цел плен во Кичево, остана во игра за плеј-оф

Тимот на Аеродром славеше убедливо на гостувањето кај Кичево со 29-34 во натпревар од 11 коло во Првата лига.

Победникот беше решен уште по првиот дел кога гостинските ракометари направија солидна залиха од седум гола, 11-18.

Во второто полувреме домаќините успеаја во неколку наврати да стигнат до минус три, но тоа беше се што сторија, па Аеродром рутински го доведе мечот до крај.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андреј Маркудов со осум и Андреј Петрески со седум гола, додека кај Кичево, Александар Мирчески даде девет погодоци.

Со овој триумф, Аеродром сега има 19 бодови на четвртото место на табелата во групата Б и останува во трка по плеј-офот.