Австриска свирка за Вардар на дуелот со ПСЖ

Европската ракометна федерација ги одреди арбитрите што ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Вардар и ПСЖ од 6. коло во Лигата на шампионите.

Станува збор за австриската судиска двојка Андреј Јусуфхоџиќ и Радојко Бркиќ, додека делегат ќе биде Конвенц од Белгија.

Вардарци имаат една победа, едно реми и еден пораз во дуелите со Фленсбург, Порто и Мешков Брест, а беа одложени средбите со ПИК Сегед и Елверум.

„Црвено-црните“ денеска ги чекаат резултатите од тестот на коронавирусот, а утре во 11:00 часот со чартер ќе патуваат за француската престолнина.