📷 Пелистерци со поддршка за повредениот Кузманоски – Цветан со тебе сме!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на претставувањето пред мечот со Вардар, изглегоа со специјални маички.

Тие имаа посвета за левото крило Цветан Кузманоски, кој скина лигаменти и ќе ја пропушти целата сезона.

„Цветан, со тебе сме“, пишуваше на специјалните маички на пелистерци.

Стружанецот ја заработи незгодната повреда на мечот со Бутел Скопје, а тренерот Раул Алонсо нема да смета на него во клучните битки.

Петар Атанасијевиќ штотуку се врати на тренинзите, па единствено лево крило во составот против Вардар ќе биде Дејан Манасков.