Пред два дена започна машкото кадетско Европско првенство, кое се одржува во три сали во главниот град на Црна Гора, Подгорица.
Меѓу учесниците на овој континентален собир е и селекцијата на Македонија, а нашите навивачи доминираат во Подгорица.
Нема сомнеж дека македонските кадети имаат поддршка, каква што имаа и младинците во Словенија.
Избраниците на Наум Танески несреќно загубија од Франција со гол во последните секунди, додека на Германија и пружија солиден отпор.
Утре се игра решавачката битка со Полска од 14:30 часот, по која ќе биде познато дали кадетите ќе играат за пласман од 9 до 16 место и за пласман на СП или ќе разигруваат за опстанок на ЕП.