🎥 Галевски е „голман – голгетер“!

Иван Галевски се повеќе го привлекува своето внимане со одличните одбрани. Но, покрај тоа што е „страв и трепен“ за оние што шутираат пенали, стана и голгетер.

Постигна повеќе голови на еден првенствен меч од половина од играчите што беа запишани во записникот, иако Галевски „стои меѓу стативите“. Неговата работа е првенствено да брани. Но, секоја шанса ја искористи.

На мечот против Бутел трипати успеа да даде гол, и тоа од своите шест метри. Неговиот тим победи 32-24, а Галевски сега постави нова цеч пред себе, да даде повеќе голови на некој друг меч.

Предизвик за неговите колеги од другите екипи.
Погледнете какви голови постигна сега.