Ѓорче Петров се врати на победите, Стружанка беше лесен плен

Ракометарките на Ѓорче Петров се вратија на победите после порaзот во минатото коло од Вардар и остварија лесен триумф на домашен терен против екипата на Стружанка со 31:23 во Женската лига.

Почетокот на натпреварот беше израмнет, после воведните десетина минути домашниот тим почна полека да ја гради предноста. До крај на првиот дел Ѓорче Петров веќе имаше добра предност од 16:10.

Во вториот дел Ѓорче Петров имаше поубедливо издание и во ниту еден момент победата не беше загрозена. Продолжението го одиграа сосема доволно за сигурен триумф од 31:23 и враќање на победничките патеки.

Со осум погодоци Мила Ѓорѓиевска беше најефикасна во тимот на Ѓорче Петров, а по шест гола постигнаа Ангела Јанкуловска и Анастасија Белевска. Во тимот на Стружанка се истакна Мендувие Далипоска со шест гола и Магдалена Делиоска со пет гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР12110133
2МЕТАЛУРГ1290327
3ЃОРЧЕ ПЕТРОВ1280424
4СТРУЖАНКА1270521
5ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1241713
6СПАРТАК121295
7АСТИБО1201111