„Црвено-црните“ се светски бренд: За Вардар се навива и во Бразил! (ФОТО)

Одамна е јасно дека Вардар е светски бренд, а одличните настапи во елитното натпреварување последните неколку години ја зголемија базата на фанови насекаде низ светот.

Поради настапите на бразилските репрезентативци Рожерио Мораес и Жозе Толедо, натпреварите на „црвено-црните“ со внимание се следеа и во најфудбалската земја.

Неколку од младите ракометари на бразилскиот клуб Тајландиа се фотографираа со дресови на Вардар.

„Задоволство е да се биде со вас“, напишаа на Инстаграм и ја испратија поддршката пред напорниот распоред во Лигата на шампионите.