Украинците промашија четири пенали и вторпат загубија од Тунис

Еден од трите ривали на Македонија на Европското првенство следната година, Украина, одигра два натпревари со Тунис, но и двата ги загуби.

По првиот пораз со 25-20, на овој дуел избраниците на Сергеј Бебешко беа поконкурентни, водеа во голем дел од мечот, но на крајот пак загубија, со 29-27.

Украинците промашија дури четири пенали, па и тука треба да се бара причината за нивниот пораз. Најдобри стрелци кај нив беа Денисов и Тилте со по четири гола, додека Остроушко даде два.

Кај Тунижаните, кои се подготвуваат за африканскиот Куп на нации што се игра во исто време со ЕП, се истакнаа Банур и Суси со по осум голови.