Ракометарките на Металург во натпревар од 4. коло од Женската лига остварија рутинска победа против составот на Астибо со резултат 41:14 (19:8).
Избраничките на Јулијана Дамчевска победата ја обезбедија уште во првото полувреме кога се одлепија на 9:2 и во понатамошниот тек само ја зголемуваа разликата за конечни 27 гола разлика.
Гостинот од Штип најчесто преку Анчева доаѓаше до реализација, а останатите ракометарки целосно беа изгубени во нападот, па така високиот пораз беше неизбежен.
Најефикасна во редовите на Металург беше Мила Трајковиќ, која постигна 14 погодоци, додека втор стрелец во победничката екипа беше Ивана Арсениевска со шест гола.
Марија Анчева беше прв стрелец во редовите на поразениот табор со девет гола. Останатите погодоци ги постигнаа Сара Кировска и Драгана Костадиновска, кои имаа по две реализации, а Викторија Ананиева еднаш се запиша во листата на стрелци.