Левиот бек од Србија, Бојана Милиќ, која оваа сезона е членка на романскиот тим Дунареа Браила и игра заедно со Јована Саздовска, од лето ќе ги брани боите на Подравка Вегета.
Ангела Јанушевиќ исто така заминува од романскиот шампионат и во идната сезона ќе настапува за унгарскиот Шиофок, тимот од кој лани летоска се пресели во Глорија Бузау.
Францускиот кружен напаѓач Жереми Тото, го продолжи договорот со полскиот вицепрвак Висла Плоцк за уште една сезона. Оваа сезона тој одигра 24 меча и погоди 37 пати.
Германската репрезентативка Миа Чоке, која досега играше за Баел Леверкузен, во новата сезона ќе настапува за шампионот Борусија ДОртмунд. 22-годишната ракометарка потпиша договор на две сезони.
31-годишниот плејмејкер Николас Пиечовски на лето заминува од составот на Лајпциг. Негов нов тим е бундеслигашот Минден, со кој потпиша договор на две сезони.
Унгарскиот тим ЕРД ја продолжи соработката со тренерот Роланд Хорват, а како засилување доаѓа талентираната српска ракометарка Александра Вукајловиќ, кој досега играше за Дебрецен.
Плејмејкерот на репрезентацијата на Исланд, Елвар Јонсон, во следната сезона ќе настапува во Бундеслигата и ќе го носи дресот на Мелсунген. Јонсон досега играше во данскиот Скјерн.
Полската репрезентативка Паулина Масна заминува од романскиот Клуж и во новата сезона ќе биде ракометарка на шампионот во нејзината татковина, Лублин, со кој потпиша договор на две сеозни.
Тимот на Трембле се пофали со две звучни засилувања. Членот на Спортинг Лисабон, Арно Бинго се враќа во тимот каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата и потпиша договор на две години, а од Нант доаѓа голманот Сирил Димулан кој се обврза на тригодишна верност.
Чешката репрезентативка Ивета Корешова изненадувачки заминува од германскиот Турингер и се враќа во татковината, каде што ќе го носи дресот на шампионот Бањик Мост. За германскиот клуб Корешова играше од 2013 година.
Грчката репрезентативка Ламприни Цакалу заминува од хрватскиот првак Подравка и во новата сезона ќе биде членка на германскиот Турингер. По Крим и Подравка, овој клуб ќе биде трета станица во нејзината кариера.