Кавадаречки Тиквеш, кој по подолго време се враќа во елитната машка конкуренција, ќе има проверено име на клупата.
Тиквеш без ниту еден пораз и без загубен бод, обезбеди место во Суперлигата, а Томе Петрески дојде на стартот на пролетниот дел и беше на клупата само на еден наптревар.
Тој потпиша договор на две сезони со кавадарчани и ќе го води тимот низ суперлигашките предизвици.
Петрески е поранешен македонски репрезентативец, а има големо искуство и во тренерската кариера.
Освен на клупите на Прилеп, Пелистер и ЖРК Пелистер, работеше и во странство – во Косово, Бахреин, Мароко и Кувајт.