Тиквеш го победи Работнички, но не се израдува на бодовите (ФОТО)

Ракометарите на ГРК Тиквеш е изборија за победа од 31:29 на натпреварот против Работнички во Скопје, но оваа победа нема да им помогне за пласманот во плеј-офот бидејќи Еурофарм Пелистер 2 славеше во Прилеп и кавадарчани завршуваат на 4. позиција.

Од почетокот на средбата ракометарите на ГРК Тиквеш тргнаа силно решени да го добијат овој натпревар во кој им беа потребни три бода за да можат да останат во трка за пласман во плеј-офот.

Таквата игра им носеше резултат односно водство кое постојано се зголемуваше. Кавадарчани имаа контрола така што без поголеми проблеми беа во водство кое им даваше надеж за успех.

Работите одеа одлично за составот на ГРК Тиквеш во овој период, а очигледно беше дека се следи и резултатот во Прилеп каде долго време беше неизвесно. На сето тоа мотивираноста на кавадарчани одеше кон тоа предноста да се зголемува, па на одмор се замина со 17:11.

Добрата игра во првиот дел како да ја снема како почна да одминува времето во второто полувреме. Во Прилеп, битолчани нагазија на максимум и брзо обезбедија висока предност, па тоа како да ја турна во колапс мотивираноста на ракометарите од Кавадарци. Го загубија чекорот и почнаа да ја губат и позитивата.

27-12-2020 работнички – тиквеш

На почетокот на последните десет минути истата падна под четири гола, а на пет минути до крајот од средбата Работнички се доближи до еден гол, 26:27.

До крајот на средбата гостите успеаја да ја одржат предноста и беа во позитива. победија со 31:29, но овие два гола на крајот не беа доволни и за плеј-оф бидејќи радоста оди за Еурофарм Пелистер 2.

29 - 31
Конечен резултат

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАБОТНИЧКИ1129Пораз
ТИКВЕШ 20141731Победа

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Бојан Стојчевскицентрален бек00
Јаков Пановскипивот00
5Стефан Чакалиќлево крило01
7Ален Ќосевскидесно крило04
9Дамјан Јакимовскидесно крило00
10Давид Димескилев бек10
12Јоаким Ангеловскиголман00
13Енес Идризилев бек00
14Христијан Чакалиќцентрален бек01
19Кристијан Анѓелковскипивот00
21Давид Савревскидесно крило05
23Тoше Ончевцентрален бек210
25Стефан Добревскилево крило02
55Стефан Атанасовскипивот12
77Ѓорѓи Дукадесен бек13
99Васил Гоговголман01
 Вкупно 529

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Мицевголман00
1Ќире Петровголман00
3Душан Медиќцентрален бек02
4Борис Ристовскицентрален бек00
9Орданчо Лазовлево крило01
14Костадин Петровпивот01
15Вања Смиљаниќдесен бек12
17Пеце Ѓорѓиоскипивот01
18Страхиња Симиќцентрален бек02
19Дејан Гошевскидесен бек07
26Ристо Окардовпивот03
33Димитар Коцевлево крило05
33Стефан Колоскилев бек00
77Јане Јанчевцентрален бек17
 Вкупно 231

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ1290327
2БУТЕЛ1281325
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21271422
4ТИКВЕШ 20141261519
5ПРИЛЕП1251616
6РАБОТНИЧКИ123099
7МЛАДОСТ 19771220106