Од 16 до 19 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 51 издание на традиционалниот Струшки турнир.
Покрај домаќинот Струга ќе учествуваат уште пет екипи – две македонски (Вардар, Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Ескилстуна Гуиф и Динамо Панчево).
Откако организаторот ги објави групите и распоредот на натпревари, на ред дојдоа и официјалните лица – судиите и делегати.
Во Струга ќе судат Седлоски и Ангелески, Јовановски и Андонов, браќата Илиевски, браќата Георгиевски, како и Митревски и Тодоровски.
Од делегатите во Струга ќе бидат Славчо Каланоски, Камер Металари, Душко Камишевски и Марјан Огњановски.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!