Тимот на Ваиблиген, каде што настапува македонската репрезентативка Симона Николовска, забележа победа во 11. коло од Втората Бундес лига.
Ваиблинген на домашен терен славеше со пресврт над Родертал со 29-27, а дел од заслугите одат на адреса на македонското крило.
Николовска беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да се запише седум пати во листата на стрелци.
Ваиблинген сега има 12 бодови, полека се вклучува во трката за високите позиции, а во следното коло ќе има „македонски“ дуел против Цвикау на Симона Стојковска.