Се бара дрес повеќе – битолчани со голем интерес за новите дресови на Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва имаат убава шанса да обезбедат историски пласман на Ф4 во СЕХА лигата.

Битолчани пред своја публика ќе ги промовираат новите дресови кои вечерва почнаа да се продаваат пред натпреварот со Мешков Брест.

Навивачите на битолскиот клуб покажаа голем интерес и веќе си набавија дрес од продажните места во салата „Боро Чурлевски“.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест стартува од 20:15 часот, а победникот ќе патува во Задар на Ф4 во СЕХА лигата.